Прилепчанецот Миле Нечковски кој живее во Австралија, влезе во финалето на натпреварот „Фитнес модел 2012“ што го организира престижното списание за мажи „Менс Хелт“, јавува весникот „Вест“.
Миле случајно бил забележан од фотографите на списанието, направил пробна фотосесија која им се допаднала, па затоа му овозможиле да учествува на гореспоменатиот натпревар. Оној што ќе победи на овој избор добива насловна станица и договор за рекламирање на познати брендови. Му посакуваме многу среќа!
Ivana T. | ТВ Пакет