На местото на утринската серија “Розовиот дијамант”, на Сител стартува уште една телевизиска новела за љубителите на овој жанр. Минатава сезона, серијата се емитуваше на локалните телевизии. Сега, доаѓа и на Сител.
Пријателство предадено за моќ и пари. Љубов за која вреди да се умре и одмазда која го заслепува ранетото срце. Сплетки кои ќе ве остават без здив во најжешките летни денови. Време е да се дружиме со “Фамилијата Реј”, овојпат на Сител телевизија од 31 јули во 10 часот наутро.
Миленикот од “Скриени страсти” и “Научи ме да сакам” во новата мексиканска теленовела, која критиката и публиката ја споредија со американската “Далас” и која ги освои најголемите награди на престижните TV Addicto Golden awards во 2012-та година.
Од понеделник до петок на Сител телевизија бидете подготвени за утринско уживање со “ФАМИЛИЈАТА РЕЈ”.
Дани | ТВ Пакет