Почетна / Сапуници / Мелина од „Бруско“ : Од селанка станав девојка од насловни страни

Мелина од „Бруско“ : Од селанка станав девојка од насловни страни

Хит серијата “Бруско” била отскочна даска за црнокосата убавица Елена Ваитсу, која ја толкува главната улога во новелата која се емитува на Сител, од понеделник до петок во 21 часот.

Младата Елена израснала на село, во средишниот дел на Грција. За родниот крај секогаш зборува со носталгија, но не крие дека животниот сон ѝ бил да се пресели во Атина.

  • Детството ми беше убаво, но досадно. На село немавме театар, кино, продавници, маркети. Младоста ја поминав исто така таму, сонувајќи еден да заминам и да дојдам во големиот град. – изјавува актерката.

Желбата ѝ се остварила и дошла во Атина. Во Атина била решена да биде и продавачка во бутик, но судбината скроила други планови за убавицата со медитерански изглед и темперамент.

Првин, сакала да се запише на правен или економски факултет, но откако за прв пат во животот одгледала театарска претстава, сфатиала дека тоа е нејзиниот сон.

Ги побарала глумците од претставата за да им честита, а тие ја препознале нејзината одушевеност, и ѝ предложиле да проба и самата да глуми во некоја аматерска глумачка група. Така се запишала на Факултет за драмски уметности и почнала редовно да глуми во театар.

Продуцентите на “Бруско” ја запазиле токму преку театарот каде играла, и ѝ ја понудиле улогата на Мелина  – девојката растргната меѓу љубовта кон сопругот и страста која ја има кон Ахил од Кипар.

Со таа улога, нејзината популарност вртоглаво расте во Грција, па така од девојка од село станува девојка од насловните страни на магазините.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!