Актерката Небахат Гехре, или за нас позната како мајката на Сулејман во серијата „Величествениот“, пред десетина дена беше тешко повредена, кога на една улица во Анкара од зад грб и пришол крадец за да и го откине златното ланче од вратот. Сериозната повреда настанала кога ланчето не се откинало, туку и ја отсекло кожата речиси до вратната артерија.
„Крвта и се слеваше низ вратот, глетката беше ужасна! Среќа во несреќа е тоа што на улицата имаше луѓе, инаку не се знае дали крадецот воопшто би се откажал. И помогнавме колку што можевме до пристигнувањето на Брзата помош“, изјавил еден од очевидците.
На актерката во болницата и констатирале тешка повреда на вратот, а полицијата сеуште трага по напаѓачот. Актерката моментално се лекува во својот стан во Анкара, а после двонеделната пауза, доколку зараснувањето на раната мине без компликации, серијата „Величествениот“ ќе продолжи да се снима.
Chris | ТВ Пакет