Никогаш доста за југословенскиот хумор кој судејќи по бројките на гледаност е еден од омилените за македонските гледачи. По емитувањето на музичките комедии со Лепа Брена, од 3 август, Сител ќе ве потсети и на уште еден популарен филмски серијал од времето на бивша Југославија. Четири дела на “Тесна кожа” во 17.20 часот и тоа на 3 август (сабота), 4 август (недела), 10 август (сабота) и 11 август (недела).
Главните улоги на референтот Мита и неговиот директор Среќко Шојиќ им беа доделени на Никола Симиќ и Милан Гутовиќ, кои со своите ликови влијаеа да “Тесна кожа” стане најгледаниот филмски серијал во историјата на Југославија, а како резултат на тоа да биде снимена и серијата “Бела лаѓа” која достигна исто така голема гледаност во Србија, Македонија, Црна Гора и БиХ.
сабота (3 август) – прв дел
Згодите и незгодите на Мита започнуваат со секојдневната гужва која му се случува и дома и на работа. Најмладиот син сонува за поволна Хонда, постариот е апсолвент, а ќерката е во безуспешна потрага по работа. Секој го бара своето, а неговата мала плата не е доволна за сето тоа. Згора на тоа, на работа цвета корупција и владее општи хаос. Од тесната кожа, само спортската прогноза му помага да се извлече.
недела (4 август) – втор дел
Ако во првиот дел гостува Лепа Брена, тука музичка точка ќе има Сузана Перовиќ. Овојпат, Пантиќ и Шојиќ влегуваат во една збрка со Турчин поради идејата да се гради хотел за турските граѓани. На крајот, и референтот и директорот завршуваат зад решетки, секој од свои причини.
сабота (10 август) – трет дел
Една случајно најдена ташна со девизи ќе направи карамбл во домот и на работа кај Мита Пантиќ. Што ќе сака тој да направи со тие пари, а што директорот Шојиќ? Неочекуван пресврт ќе донесе изненадување кај сите.
недела (11 август) – четвртти дел
Синиша Павиќ, Љиљана Павиќ и Милан Живковиќ го пишуваат сценариото и за последниот дел во кој музичко гостување ќе има Снеки. Авантурите на двајцата комичари завршуваат со една урнебесна уцена на Пантиќ зараид опасниот план на Шојиќ.
Дани | ТВ Пакет