Сплитската дива Дорис Драговиќ со видео запис за приморската летна балада “Брод за на подобро”. Текстот и музиката се дело на Иван Хуљиќ, аранжманот на Лео Шкаро, а спотот е снимен од страна на Пилос студио.
– И песната и спотот ги снимивме во еден здив. Дорис е како покојниот Оливер Драгојевиќ – знае што сака, сака брзо и прецизно да се сработи работата, има визија како тоа треба да изгледа, а затоа сме ние тука за тоа сето да го реализираме, објаснува режисерот на спотот.
Инаку, хрватската пејачка, најпозната по хитовите “Ја ночас умирем” и “Жељо моја”, наголемо се подготува за спектаклот на годината – нејзиниот концерт во загребачка Арена на 30 ноември оваа година.
Дани | ТВ Пакет