Почетна / Живот / Кулата „Биг Бен“ станува „Кулата на Елизабета“

Кулата „Биг Бен“ станува „Кулата на Елизабета“

Велика Британија соопшти дека саат-кулата што е препознатлива за Лондон, „Биг бен“, наскоро ќе биде преименувана во чест на нивната кралица.

Кулата со часовник и ѕвоно тешко 13,5 тони, парламентарната комисија во Велика Британија одлучи да ја преименува по повод Дијамантскиот јубилеј на кралицата и дека отсега ќе се вика „Кулата на Елизабета“.

Многумина велат дека ова е неочекувана и некоректна одлука, затоа што кулата со своето поранешно име беше препознатлива за градот Лондон, но Британците сепак немаат ништо против новата одлука, затоа што како што велат, „новото име е достојна чест за кралицата и за нејзиното служење на земјата“. Кулата била изградена во 1958-та година и важи за едно од главните обележја на британската престолнина.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!