Походот на ракометарите на Вардар на титулата Светски клупски шампион ќе имате можност да го следите ексклузивно на програмата на Телма. Македонскиот, регионалниот и европски првак Вардар во градот Дамам во Саудиска Арабија има можност да се закити и со титулата Светски клупски првак – пренесува Телма.
Нашите ракометари утре (28 август) во четврт-финалето на турнирот ќе се соочат со победникот од мечот Ал Мудхар – Њујорк Сити, а стартот на натпреварот е закажан за 19 часот. Вардар е апсолутен фаворит во утрешното соочување и ќе го чека епилогот од четврт-финалето во кое Замален најверојатно ќе се соочи со Кил, кој денеска во квалификациите за влез меѓу осумте најдобри се среќава со тимот на Сиднеј.
Според жрепката утре во четврт-финалето ќе играат уште Ал Вехда (Саудиска Арабија) – Таубате (Бразил) и Барселона – Ал Духаил (Катар).
Дани | ТВ Пакет