Македонската радио телевизија не престанува да не изненадува. После најавата дека од септември ќе ги гледаме новите епизоди на „CSI New York“, „Las Vegas“ и „Miami“, МТВ ги откупија правата за емитување и на новата сезона на „Спартак – Крв и песок“ (Spartacus).
„Спартак – Крв и песок“ исто така како и „CSI New York“, „Las Vegas“ и „Miami“ е најавена за од септември. Спартак е спектакуларна серија во продукција на STARZ, работена е по угледот на филовите 300 и Гладијаторсо буџет од преку 50 милиони долари.
Оваа серија критичарите ја карактеризираат по специјалните филмски ефекти, инспиративните костими, раскошната сценографијаи одлична екипа на глумци. Ако ги сакате епските филмови “Gladijator” и “300”, тогаш сигурно ќе ви се допадне и Спартак.
Класична прказна за најпознатиот гладијатор оживеа како експлицитна и жестока нова серија Спартак – Крв и Песок. Отргнат од домот и од жената која ја сака, Спартак е осуден на бруталниот свет кој го има во арената, каде крвта и смртта се најпопуларната забава.
Нико | ТВ Пакет