Денеска рано наутро во 9 часот и 30 минути во клиничката болница „Систина“ се породи водителката на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Миа Костова. После девет месеци на свет го донесе малиот Андриа кој е тежок 4 килограми и 260 грама и е долг 53 сантиметри. И покрај големите предрасуди од пошироката јавност Миа стана мајка и е пресреќна што на свет донесе здраво машко дете или во случајов малиот Андриа кој што своето име го добил по познатата песна „Андриа“ на Дадо Топиќ. Бидејќи Андриа е веќе големo момче, како што дознаваме Миа се породила со царски рез, но и таа и Андриа се во одлична здравствена состојба. Пријателите и роднините сеуште видно возбудени не сакаа сеуште да зборуваат, но кажале дека се пресреќни на својот прв внук, јавува порталот „Бекстејџ“.
Chris | ТВ Пакет