Во недела (8ми септември) во 17.45 часот на телевизија 24 ќе се прикажува новото издание од забавниот магазин “Фан Пит”. Екипата на ТВ 24 овојпат на гламурозното отворање на “Angels Cafe” во Штип.
Одлична забава, музика и атмосфера, место кое низ годините поставуваше високи стандарди кога е во прашање угостителството и ноќниот живот во земјава.
Кафулето се отвори со седумдневна „Opening fiesta“ забава, во комплетно ново руво и поинаков концепт на работа од досегашниот.
Првичната забава започна со Дј сет на ConstantinV, а продолжи во вечерните часови кога за забавата беше задолжен DJ Dino MFU, долгогодишен пријател на Angels Cafe, заедно со неговите пријатели и соработници диџеи од Атина.
Вратите на Angels Cafe се секогаш отворени за сите што се подготвени да дојдат со единствена цел – убаво поминати моменти, и многу споделени насмевки, и затоа, „Земјата на Ангелите“ останува и понатаму да важи како местото за забава, љубов и среќа.
Дани | ТВ Пакет