Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Фото | Со Каролина падна и последната клапа на „Дајте музика“

Фото | Со Каролина падна и последната клапа на „Дајте музика“

Изминатиов месец интензивно во студиото на Македонската телевизија се снимаше обновената верзија на некогаш популарната детска серија “Дајте музика”. Забава, смеа, радост, песна, едукација, дружење е она со кое поминаа малите но големи глумци, а кои исто така ве очекува и вас, гледачите.

Децата од актерската школа на Весна Бејби Петрушевска маестрално ја исполнија својата задача и го возобновија духот на шоуто со кое растеа многу генерации.

Преку овој проект, децата ќе се вратат на местата на кои им припаѓаат: маалските паркови, уличките, училишните дворови, кои ќе бидат нивни свртилишта, места за забава, дружење, перипетии, детски интриги, први симпатии и детски радости.​

Познати јавни личности како Тамара, Перо Антиќ, Столе Стоилов, Бени Шаќири, Некст Тајм се појавија во новите епизоди од серијалот, а во последната епизода која беше снимена денеска специјално учество имаше мегапопуларната пејачка Каролина Гочева.

Долгоочекуваниот телевизиски детски серијал “Дајте музика” ќе се емитува на Македонската телевизија, а ќе започне кон крајот на месец септември. Во продолжение погледнете како течеа снимањата на шоуто и што ќе кажат вашите нови херои за она што следува оваа сезона :

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!