Во сабота на 14.ти септември во 21 часот на прва скопска МТМ телевизија ќе се емитува 20-тото издание на Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА 2019. Фестивалот се одржа изминатиот месец во Охрид и Битола, а учество зедоа солисти од 14-26 годишна возарст од 22 држави.
Во досегашните изданија на фестивалот ТРА ЛА ЛА покрај учесниците од Македонија, земаат учество и репрезенти и делегации, солисти и вокални групи од многу земји. Проектот има за цел да придонесе во развојот на музичката култура во нашата држава и јакнење на натпреварувачкиот дух кај младите. Со тоа се допринесува во афирмацијата на македонската и светската естрада, дел од партиципантите се учесници на голем број европски и светски манифестации како детската Евровизија, Сан Ремо џуниор, Славјански базар и многу други познати случувања.
Дани | ТВ Пакет