Еros Ramazzotti и неговиот тим во Скопје носат опрема каква што досега не е видена на овие наши простори. Подготвени и тие, подготвени и ние за она што следува – големиот концерт во организација на единствената Авалон продукција.
Освен звукот, светлото и видеото (кое сам го носеше и Lenny Kravitz оваа година), Еros во Скопје носи и своја бина, специјално дизајнирана за оваа турнеја. Имресиите од сите негови концерти на оваа турнеја се дека ваков спектакл ретко се гледа во затворени простори.
Во продолжение, погледнете како изгледаат концертите на Еros Ramazzotti на промотивната турнеја „Vita Ce N’è“.
https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/videos/906210263088322/?t=3
Преостанатите влезници за концертот може да ги најдете во Avalon ticket shop во ГТЦ, Skopje City Mall, цвеќарница „Розе“- Веро 2, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk .
Се гледаме на 30-ти септември во А1 Арена!
Дани | ТВ Пакет