Погледнете го најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја“ (Honeyland) во 20 часот во кино Милениум. Последната пчеларка во Европа се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари – номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.
Станува збор за филм кој на почетокот на 2019 се закити со три главни награди на престижниот фестивал Sundance. Македонскиот документарец ево режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, а светската премиера ја имаше токму на најголемиот американски филмски фестивал на независен филм Санденс, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд.
Дани | ТВ Пакет