Следниве денови на Сител започнува “All star” сезоната на популарното шоу “Твоето лице звучи познато” во која ќе учествуваат познати натпреварувачи што ги одбележаа претходните четири сезони.
Нивните настапи и во музичка и во сценска смисла како и секоја година ќе ги коментира и оценува постојано тричлено жири и во секоја епизода ќе им се придружи и гостувачки член. Во жирито годинава ќе биде српската актерка Дубравка Мијатовиќ која е задолжена за оценување на имитицијата, вокалните способности ќе ги оценува Душан Алагиќ, а мултимидијалниот уметник Урош Ѓуриќ секој настап ќе го коментира од различни аспекти.
Годинава наградата е 25.000 евра, а натпреварувачот со најмногу бодови ќе ја врачи на лице или институција на која парите и се најпотребни. Водителка на овој спектакл е шармантната Марија Килибарда која одамна е заштитно лице на ова шоу.
Дани | ТВ Пакет