Mонографското издание за Владимир Мајаковски насловено „Владимир „Волоѓа” Мајаковски” од Александар Маркоски, која неодамна излезе од печат во издвачката куќа „Авант прес” од Скопје, se promoviraше vo Младинскиот културен центар во Скопје, во галерискиот простор, на 01.10.2019 (вторник), со почеток од 20 часот. Книгата ja промовираше проф. д-р Александар Прокопиев.
Владимир Мајаковски е еден најистакнатите поети на новата советска држава. Роден е на 19 јули 1893 година, во грузиското село Багдади. Иако никогаш не се оженил, тој бил во долга вонбрачна врска со неговата голема љубов и поетска муза, Лилја Брик. На почетокот од кариерата им припаѓал на футуристите, но подоцна со восхит ги прифатил идеите на Октомвриската револуција. Поради своите револуционерни идеи, во 1909 година, Мајаковски одлежал неколку месеци во ќелијата број 103, во Бутирскиот затвор во Москва.
Делото „Владимир „Волоѓа” Мајаковски” најде свој никулец во младешкиот интерес на авторот за ликот и творештвото на Мајаковски, уште при изработката на неговата матурски труд во далечната 1997 година, но главниот мотив за изработката на ова монграфско дело, кое беше сработено во текот на 2018 година, беше потребата да се одбележи 125-годишнината од раѓањето на овој грандиозен поет и мултимедијален уметник чии дела треба да се гледаат со временска дистанца од онолку години колку што антиципирале и со адекватен сензибилитет. Издавањето на книгата, пак, коинцидира и со 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, нешто што би значело и пораз на надежите на одамна „испарениот” поет.
Дани | ТВ Пакет