Почетна / Серии / На МТВ 1 стартува наградуваната и позната серија „Пат кон дното“

На МТВ 1 стартува наградуваната и позната серија „Пат кон дното“

Една од нај”симнуваните” серии конечно и во Македонија. “Пат кон дното” од понеделник до петок на МТВ 1 во 21.45 часот.

Волтер Вајт е професор по хемија и пожртвуван човек, сопруг и татко. Откако ќе дознае дека има рак на белите дробови и дека му остануваат уште две години живот, сфаќа дека нема што да изгуби. Но, овој генијалец за хемија не го избира патот на очајот и себесожалувањето, туку патот кој ќе му обезбеди подобра иднина на семејството, но преку кој ќе навлезе во криминалот и ќе стане … па можеби, злобен.

Со еден од своите поранешни ученици ќе направи мала лабораторија за производство на најчистата дрога на наркопазарот.
Серијата ни прикажува дека сознанието кога некој боледува од неизлечлива болест може да го принуди човекот комплетно да го смени начинот на живот, но и да ги помести моралните граници на својата личност. Волтер станува имун од страв, а целта ја постигува без оглед на нејзината цена.

Од светската премиера, серијата освои многу награди и номинации, 165 награди Еми и 58 номинации, вклучувајќи ја и наградата за најдобра драмска серија за 2013 и за 2014 година. Серијата освои и 2 награди Пибоди во 2008 и во 2013 година.

За ликот на Волтер Вајт, Брајан Кренстон освои четири пати Еми награда за најдобра машка улога во серијата, потоа серијата ја освои наградата Еми во 2014 година за најдобра драмска серија, како и Златен глобус за најдобра телевизиска серија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!