Омилена на сите генерации. Обожувана од фановите. Почитувана од сите. Каролина Гочева е пример за вистинска ѕвезда и квалитет на македонската јавна сцена.
Карактеристики кои ретко кој ги поседува и успеал да ги зачува во неколку децении. Тоа ѝ успеа очигледно само на Каролина, која покажа како се гради кариера и стил без скандали, глупави изјави, трачеви и непотребно наметнување.
Последниов период, пејачката е повторно актуелна со нови фотосесии. За Фешн груп и Манго, позираше во нови брендирани парчиња облека, а за стајлингот овој пат се погржија Алмир Мили, Јасмина Костиќ – Студио “Арт” и Васе Доковски. Каролина блеска и во есенските бои.
Дани | ТВ Пакет