Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Нови емисии на пладневната „Практична жена” само на Сител
Најновата, 5. сезона - од понеделник до петок на Сител

Нови емисии на пладневната „Практична жена” само на Сител

Сител телевизија премиерно ни ја носи најновата сезона од познатата српска емисија на малите екрани. Секој работен ден во 12.10 часот, веднаш по пладневните вести се емитува “Практична жена”, емисија која ги советува домаќинките како да си го поедностават животот, а ќе нуди и брзи решенија за многу проблеми во кујната, тоалетот, совети за фамилијата, домот, телото, убавината.

Оригиналните совети на српските жени се од големо значење не само за припадничките на понежниот пол, туку и за мажите. Многу познати личности од српскиот шоу биз ќе споделат искуства од нивните домаќинства и животи, како и мали тајни кои никој не ги слушнал.

Наташа Павловиќ, водителката на шоуто, ги повикува жените да ги гледаат нејзините изданија и да дознаат како на креативен начин може да готват ручек, но истовремено да си играат и со дечињата. Или па како да успеат со минимум време и трошок да вежбаат, а да изгледаат витално и убаво.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!