Почетна / Сапуници / Уште колку пати МТМ ќе ја репризира новелата „Фамилијата Реј“?
Повторно на МТМ, секој работен ден околу 15 часот, и ноќе околу полноќ. Следете ги сплетките во богатата фамилија Реј

Уште колку пати МТМ ќе ја репризира новелата „Фамилијата Реј“?

Oд 8 јуни 2020 во 20.30 часот, мексиканската теленовела “Фамилијата Реј” повторно на програмата на Прва скопска МТМ. Серијата премиерно се емитуваше на локалните телевизии минатата година, а потоа и на Сител, и неколкупати репризно на МТМ и на другите локални телевизии.

Гледачите постојано прашуваат до нашиот портал – зошто локалните телевизии репризираат содржини како никогаш порано и дали ќе дојде ден за некоја премиерна програма на овие телевизии ? До кога истите серии и филмови ќе се вртат во круг?

За потсетување, серијата го следи животот на Рејеви. Главата на фамилијата Реј, дон Еверардо е еден од најпознатите и највлијателни моќници во Мексико. Сопственик е на семејната компанија гигант, а оженет е со Мануела со која има три деца, Вадо, Гиљермо и Матијас. Меѓутоа, нивната приказна на богатство, власт и моќ има мрачна позадина, проткаена со неверства и предавства.

Лоренца Малвидо и Матијас Реј се вљубуваат еден во друг и одлучуваат да се борат за својата љубов, и покрај сенките од минатото кои ги следат нивните семејства. Матијас и Лоренца ќе се венчаат и доаѓа моментот кога Матијас ја носи саканата сопруга на хациендата на својата фамилија.

Интриги, љубов и омраза во теленовелата “Фамилијата Реј”, репризно на прва скопска МТМ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!