Почетна / МК Сцена / Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и уметник кој соработува скоро со сите пејачи и групи во Македонија. Џељо Дестановски, кој е дел и од ансамблот „Танец“, сними видеоспот за неговото ново оро „Малеш”.

Посебен печат на ова оро даваат звуците на зурлата и кавалот, двата омилени инструменти на Дестановски. Музиката е на самиот Џељо, снимена во студиото на Горан Мирковски, а аранжманот го направи неговиот колега Дарко Илиевски, кој заедно со Златко Димитријоски, тамбура, се и специјални гости во видеозаписот снимен на сцената на “МОБ” од „Арт Студио”.

Дестановски освен што периодов е ангажиран со промоцијата на најновото оро, за љубителителите на убавиот народен мелос најавува и многу настапи во и надвор од Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Несудена“ на Деан Коцевски – рок балада која ќе ве врати во ’80-тите

Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!