Од понеделник до петок точно на пладне на Алфа телевизија ќе се емитува пладневната семејна емисија “Добар ден, секој ден”.
Ирена Спировска, Ивана Илиевска и Искра екс Џамбазова е водителското трио на новата пладневна програма на Алфа исполнета со многу интервјуа, промоции, интересни луѓе, настани и контакт со гледачи.
Во рамките на оваа емисија ќе се емитува и добропознатата контактна емисија “Збор по збор”, овојпат во ново студио. На нови теми, но на истите телефонски броеви, ќе може и понатаму гледачите да се јавуваат во програмата и да дискутираат за најактуелните политички и општествени случувања.
Од сега, контактот со гледачите ќе го имаат водителките на попладневната емисија, а Александра, дотогашната водителка, ќе ги информира гледачите за сите вести од културата.
Во пладневната програма на Алфа, ќе ги следиме и најновите кулинарски доживувања на Адријана Алачки со автентичната “Вкусот на традицијата”. Оригинални македонски рецепти, но и претставување на светските кујни следуваат во новите емисии со Алачки.
Тука е и новата рубрика за практични совети со “Супер-бабички”. Баба Рада и баба Дракче ќе ги едуцираат гледачите за тоа како да се погрижат за своето здравје и убавите мисли, а дел од емисијата се и попладневните мини вести со Ненад Георгиевски околу 17 часот.
Дани | ТВ Пакет