Пејачот Саша Ковачевиќ, на радост на многу припаднички на понежниот пол се разголи пред објективот на магазинот „Свет“.
Сексипилниот пејач во своето најпровокативно издание до сега изгледа перфектно, признава дека се грижи за својот изглед, но сепак себеси не би се нарекол секс симбол. „Би било без врска да го кажам тоа, но факт е дека давам се од себе за да изгледам перфектно. Сакам да тренирам, тоа ме опушта. Меѓу другото, сметам дека на својата публика и го должам убавиот изглед. Не би било културно да се појавам на сцена со голем стомак, на пример“, изјави Ковачевиќ и додаде:
„Факт е дека тренингот и грижата околу добрата исхрана не се нималку лесни, особено за нас што се занимаваме со оваа работа. Не можам да зборувам за другите, но што се однесува до мене, се трудам да се чувствувам најдобро во својата кожа“, заклучи пејачот кој за себе вели дека ужива во авантурите.
Ivana T. | ТВ Пакет