Хрватско реално шоу во новата програмска шема на телевизија Алфа. Секој работен ден во 17.50 часот ќе го следите “Život na vagi”, направено по лиценца на американското шоу “The biggest looser”.
Целта е да им се помогне на луѓето кои имаат прекумерна тежина. Кандидатите ги раскажуваат своите најстресни, најболни и најлоши животни моменти, а во текот на шоуто, тие се наоѓаат во изолација, каде ќе мора да вежбаат во базен, во теретана и да се прилагодат на нов начин на исхрана.
Ќе може ли да добијат нормален изглед благодарение на задачите и барањата на професионалните тренери? Или нивната непослушност ќе ги доведе до елиминација?
Секоја емисија одреден кандидат го напушта натпреварот, во зависност од тоа дали ќе се најде зад црвената или жолтата линија. На крајот, победува оној кој најмногу ослабел.
https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/686768155058449/?t=7
Дани | ТВ Пакет