Македонија стана интересна дестинација дури и за вонземјаните. Во саботата на 1-ви јули, параглајдерист во општина Карбинци, штипско, снимил чудни форми во една нива. Под видеото што очевидецот го објавил на Јутјуб стои ваков опис:
„Летам од 2004-та и сум летал над цела Македонија. Никогаш не сум видел ништо слично! Ова е снимено за време на пробен лет над Карбинци, штипско во саботата, на 1-ви јули 2012“.
А дека глетката е чудна и досега невидена, се согласуваат и многумина скептици што претходно се смееле на видео материјалите со слична содржина.
Martin M. | ТВ Пакет