Од понеделник, 28 октомври на телевизија 24 започнува новата домашна серија “Гласна куќа”. Серијата е во продукција на КМК, а учество земаат деца од актерската школа на Весна Бејби Петрушевска. Гостување ќе има Игор Џамбазов, кој ќе го толкува ликот на таткото на близнаците.
Виолета Дамевска Ѓоргиева е продуцент на оваа ситком серија, а претходно како продуцент работеше и на театарските проекти „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Госпоѓа Министерка“, „Брачна игра“ и на последните две сезони од забавната ТВ емисија „Вртелешка“.
Во „Гласна куќа“ како тема се обработува пријателството, а преку ликовите во серијата актерите ќе имаат можност да бидат гласот на младите кога станува збор за образованието, љубовта, родителите, тинејџерски проблеми, како и за нивните потреби, желби, стравови.
Верувам дека преку овој проект ќе реализираат уште поголем успех, бидејќи искрено го заслужуваат. Тоа се деца кои несебично се вложуваат во секој проект, деца кои не ги мрзи да учат, деца кои сакаат да читаат и со сета своја чиста љубов кон глумата создаваат производи кои ќе останат за пример и за наредните генерации.
Впрочем, овој проект е и инспириран од широкиот дијапазон на карактери кои ги имаат децата кои ја посетуваат школата како и нивните различности создадени од предизвиците кои им ги наметнал животот, вели продуцентката на „Гласна куќа“.
10 епизоди во 10 понеделници. “Гласна куќа” на телевизија 24, за сите тинејџери и родители.
Дани | ТВ Пакет