Филип Поповски и Бобан Симоновски се новите готвачи кои ќе ги следиме од понеделник до петок во светскиот кулинарски формат на Сител. Филип е познат како популарниот “Готвиме со Фичо” кој постојано нѐ изненадува со примамливи рецепти на социјалните мрежи, а гастрономското задоволство на спротивниот тим во “Брза кујна” ќе нѝ го приреди Бобан, шеф мајстор во скопскиот ресторан “Еквилибриум”.
Следете ги црвените и зелените, навивајте за вашиот омилен тим и гответе заедно со Александра, Бобан и Фичо.
Дани | ТВ Пакет