Интересен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. Истиот стартуваше со „1001“, песна која заедно со уникатен спот беше промовирана пред публиката во jули и успеа да се етаблира како вистински летен хит.
Готов е и вториот проект на момците од бендот за оваа сезона. Насловот на новата песна е „Ќе те сакам“. Музиката, текстот и аранжманот се на Слаткар, а видеото и овој пат, како и претходното го сработи Даниел Јовески. Уживајте во новата песна и спот на „Либеро бенд“:
Дани | ТВ Пакет