Секоја недела наутро во 10 часот се емитува “Мозаик”, емисија која ќе ни ги претстави сите македонски градови преку разговори со луѓе значајни за тие места. Коцките на „Мозаикот“ низ Македонија ќе ги склопуваат новинарите Мишко Иванов и Јана Серафимова.
– Идејата ни е да се прошетаме малку низ Македонија, бидејќи сѐ е стационирано во Скопје. Да видиме како живеат таму луѓето, како функционираат, но тоа да го направиме низ еден друг агол, да не биде политички, туку сакаме малку културно, забавно, спортско, општествено. Со настап на културно уметнички друштва, изведувачи, познати ликови кои имаат што да кажат – објаснува новинарот Мишко Иванов.
Снимањата ќе се одржуваат, во главно на градските плоштади или други истакнати места, карактеристични за градовите. Па по Куманово, Прилеп и Битола, оваа недела (27 октомври), следува посета на Штип, градот под исарот. Раде Рогожаров, првиот човек на Макфест и многу други музичари и дејци кратко ќе ни објаснат кој е Штип и што значи тој град за Македонија.
https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/2433453823579182/?t=70
Дани | ТВ Пакет