Почетна / Живот / Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Нови книги од Стојановски и Чапаровска во издание на „Современост“

Во издание на литературното списание „Современост“ од Скопје излегоа книги од нови македонски автори, романот „Сенката на сонцето“ од Иван Стојановски и поетската збирка „Скршен аватар“ од Магдалена Чапаровска.

За романот на Ивановски, Стефан Марковски подвлекува:

„Цикличниот наратив заради кој доаѓа до завршени наративни сегменти што одразуваат настани на некои од ликовите во „Сенката на Сонцето“ од Иван Стојановски неретко експлоатиран во епската фантастика, одразен на оригинален начин, е една од поретките специфики на овој роман за ова поднебје, но сепак, она што е најинтересно е разновидноста од формални и семантички методи кои авторот умешно ги вкрстил со свој печат.“

Лидија Капушевска-Дракулевска, пак, анализира:

Понудениот ракопис претставува едно комплексно траги-комично симболичко дело, хибридно остварување реализирано преку монтажа и симбиоза на епско-лирски и драмски елементи, од една, и на митско-фантастични теми и мотиви со научно-технолошки достигнувања, од друга страна. Структуриран како филмско сценарио, со нелинеарно развивање на приказната при што крајот го објаснува почетокот, ракописот на Стојановски се одликува со мошне згусната фабула, со цел серијал од настани и ликови кои на вешт начин се поврзани меѓу себе, како и со извонредно богатство од дискурси (филозофски, религиозен, поетски, народен говор…).

Романот „Сенката на сонцето“ претставува дебитантско романескно остварување на македонски јазик на Стојановски (1982, Скопје) од доменот на ретко застапената епска фантастика, додека „Скршен аватар“ е втора поетска збирка на поетесата Чапаровска (1983, Скопје).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!