Почетна / Филм / Британските драми „The shaltering sky“ и „Ginger & Rosa“ на Алфа

Британските драми „The shaltering sky“ и „Ginger & Rosa“ на Алфа

Нови премиерни филмови овој викенд на телевизија Алфа. Во сабота (16 ноември) во 20.15 часот ќе се емитува британската драма “Штит од небо” со Џон Малкович и Дебра Вингер. Добитник е на Златен Глобус во 1991 година, а ни претставува приказна за еден брачен пар кој по десет години изгубена блискост, се одлучуваат повторно да се зближат преку едно интересно патување во северна Африка.

Во недела, во истиот термин ќе се емитува драмата за “Џинџер и Роса”, две тинејџерки, неразделни пријателки, кои растат во Лондон во 60-тите, додека се заканува кризата со советските проектили на Куба, а еден клучен настан го редефинира нивниот однос.

 Тие заедно бегаат од училиште, зборуваат за љубовта, верата и политиката и сонуваат за подобар живот од оној на нивните мајки домаќинки. Но, сѐ поголемата закана од нуклеарна војна фрла сенка врз нивните животи. Џинџер сака поезија и е бунтовна, а Роза на Џинџер ѝ покажува како да пуши цигари, како да бакнува момчиња и како да се моли. И двете се бунтуваат против своите мајки, самохраната мајка на Роза, Анушка и фрустрираната мајка на Џинџер, сликарката Натали.

Во меѓувреме, таткото пацифист на Џинџер, Роланд, на девојките им изгледа како романтичен, боемски лик. Тој го охрабрува активизмот на Џинџер за забрана на нуклеарната бомба, додека Роза почнува да развива еден поинаков интерес кон него. На крајот, кога ескалира кризата со проектилите на Куба, а изгледа дека и на светот може да му дојде крајот, долгото пријателство на двете девојки се разнишува.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!