Судот на Ејми е американска телевизиска серија емитувана на каналот CBS од 1999 до 2005 година, со вкупно шест сезони. Во Македонија, оваа топла адвокатска драма се емитуваше на А1 телевизија.
Серијата го следи животот на Ејми Греј, 35-годишна самохрана мајка која ја напушта својата кариера на адвокат во Њујорк и се враќа во своето родно место Хартфорд, каде станува судија за семејни случаи. Таа е разведена и сама ја одгледува ќерка си Лорен. Во Харфорд живее со својата доминантна мајка, Максин, поранешен социјален работник.
Сценариото е базирано врз вистинскиот живот на мајката на главната актерка, Ејми Бренеман, и е приказна за три генерации жени кои живеат заедно и кои се соочуваат со лични и професионални дилеми во својот променлив живот.
За постоењето на ,,Судијката Ејми” главна виновничка е 38-годишната актерка Ејми Бренеман која, инспирирана и мотивирана од својата мајка Фредерика Бренеман, врз чие животно искуство е и базирана драмата, успева како извршен продуцент да ја сними серијата.
Дани | ТВ Пакет