Костимираната телевизиска серија на Сител се приближува кон големото финале.
Додека ги следиме последните случувања во приказната за љубовта и војната, малку ќе ве ‘релаксираме’ со позитивни фотографии од снимањето на серијата кое заврши минатата година.
Ако во серијата, актерите беа изложени на трауматични и потресни реплики и случувања, тие зад камерите, се одлучија секогаш за позитива, насмевка и заедничка забава.
Сето тоа влијаеше на одличната тимска работа што вроди да серијата стане вистински блокбастер не само во Турција, туку и во Македонија.
Во серијата, Џевдет и Азизе се постојано цел на опасност од страна на војската на непријателот, а зад камерите, двајцата сопружници, уживаат со своето дете, пријателите, колегите и продуцентите.
Истото го прават и останатите актери, кои за снимањето вложиле многу труд и храброст во нивните ликови.
Семејството на Џевдет е пред финална борба со противниците, а љубовта кон татковината е најголемата сила што ќе ги води нашите ликови до самото финале и последната битка за слобода и спас.
Следнава седмица на Сител, следуваат последните три епизоди од “Далеку од дома”.
Дани | ТВ Пакет