Миленикот на женската публика, популарниот Бали Бег од турската хит серија „Величествениот“ со својата неодамнешна постапка разочара милиони жени ширум Балканот – фатен е во прегратка со друго машко, пишува турскиот весник „Haberler“.
Информацијата до весникот ја пренела блиска пријателка на идната сопруга на актерот Бурак Озчивит, која од неа дознала дека токму таа го начекала во кревет со машко, и тоа во сопствениот стан.
„Веќе поминаа две недели како не е со својата девојка, а причината за тоа е неверството и тоа со машко кој го претставуваше дотогаш како многу добар пријател. Се обиде да и објасни дека не правеле ништо лошо и оти само се бореле, но немаше објаснување, бидејќи притоа ја соблекле долната облека“, изјавила пријателката за турскиот весник.
Турските медиуми постојано го опишуваа како хомофоб, но излезе дека Бурак не ги мразел хомосексуалците, туку на тој начин ја криел својата хомосексуалност. Заводникот што крши женски срца, а трча по мажи, и покрај инсистирањето на медиумите не сакал да коментира за неговата хомосексуалност.
Инаку, пред две години Озчивит се појавил и во германски геј магазин. Актерот не очекувал дека фотографиите ќе предизвикаат толкаво внимание, па потоа во Турција морал да се правда дека тоа го сторил поради високиот хонорар.
Chris | ТВ Пакет