Од минатиот месец на фреквенцијата на Алфа започна со емитување руската надсинхронизирана мелодрама “Врати ми ја љубовта”. Серијата се емитуваше од понеделник до петок со целосни 45-50 минутни епизоди, како што се и оригинално снимени.
Но, од неодамна, телевизијата ги сецка епизодите на серијата, па една епизода од сега е со времетраење од 30тина минути, во кои се емитуваат и сцени од претходната, но и сцени од наредната епизода.
За напомена – сите досегашни латиноамерикански, руски, па и турски серии се емитувале со вообичаено времетраење од 45 минути.
| ТВ Пакет