Алфа телевизија и Обединетата македонска дијаспора потпишаа меморандум за отворање на телевизиско студио во Вашингтон, од каде за македонската публика ќе се произведуваат вести поврзани со сите случувања во САД – известува телевизија Алфа.
Целта на овој договор е, како што изјавија директорот на Алфа ТВ, Јане Бојаџи и претседателот на ОМД, Методија Колоски, постојано, концизно, квалитетно и објективно известување од центарот на светската политика. Според планот, студиото во Вашингтон ќе биде водено од професионалци во САД, а Алфа ТВ ќе обезбеди покривање на емисиите кои ќе одат еднаш неделно, како и помош, односно тренинг за членовите на ОМД кои ќе учествуваат во проектот.
Дани | ТВ Пакет