Веселата екипа предводена од Северина започна со снимањето на спотот за песната Italiana! На затворениот автопат кај Велика Горица во Хрватска, Северина и Ана Бебиќ ја одглумија култната сцена од филмот „Thelma & Louise“. Возејќи го автомобилот, пееја на глас и ги покажаа своите одлични линии. „Уживав, обично други ме возат па ова ми беше одлична можност да дивеам зад воланот“, на шега прокоментира Северина.
Покрај Северина и Ана, во спотот се појавуваат и српските „хитмејкери“ Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, заслужни за хитовите како Brad Pitt и Grad bez ljudi. Тие глумеа автостопери кои девојките ги собираат на автопатот. Спотот, освен во Загреб, ќе се снима и во Сплит, Белград, Сараево, Скопје, Нови Сад, Љубљана и многу други градови од просторите на поранешна Југославија.
{gallery}072012/italiana{/gallery}
Chris | ТВ Пакет