Во понеделник на Канал 5 телевизија ќе биде емитувана последната епизода од романтичната комедија “Мирис на јагода”, а веќе од вторник во истиот термин ќе започне новата турска серија “Втора шанса”. Во главните улоги на новата љубовна приказна ги гледаме Дамла Сенмез (Кога љубовта боли, Шубат) и Сечкин Оздемир (Величествениот, Црвената марама, Вљубениот ерген).
Џејлан е модна дизајнерка која работи за познат турски пејач, а пак Коркут е сиромашен дечко кој живее во Германија. И двајцата, разочарани од љубовта, случајно се запознаваат и така започнува нивната љубовна приказна. Се враќаат во Истанбул во потрага по среќа, а неговиот живот се менува кога го запознава своето вистинско семејство, кое живее луксузно и богато.
Џејлан ќе промени многу работи во неговиот живот, но дали ќе може да ги залечи раните во неговото срце од предадената љубов од неговото биолошко семејство? Од вторник (3 декември) следува нова модерна серија од земјата крај Босфорот.
Дани | ТВ Пакет