Солзи и емоции на доделувањето на престижните турски награди “Altın Kelebek” (Златна пеперутка). Имено, на наградите за најдобрите за 2018-та година, турската актерка Özge Özpirinçci доби златна пеперутка за најдобра актерка, токму поради улогата во потресната драма “Тажна жена”, која со емитување започна неодамна на Канал 5 телевизија.
Во играната серија, таа ја толкува улогата на Бахар, млада жена и пожртвувана мајка, чија најголема среќа, но и најголема грижа се токму тие двете – дечињата за кои е подготвена и животот да го даде.
Покрај неа, награди за најдобри млади актери добија и самите деца од серијата. На сцена излегоа дечињата кои ги толкуваат улогите на слатките Нисан и Дорук, децата на тажната жена. Возбудена од наградата која ја добива, малечката Нисан се расплака на сцена, по што доби громогласен аплауз и поддршка од целата публика, како и од нејзиното братче и мајка од серијата.
Дани | ТВ Пакет