Трилери, романси и акции ве очекуваат следните денови во филмските наслови на МТВ 1.
Вторник (03.12.2019), 23:45 часот – “Armored”
Воен ветеран и добитник на престижен медал за храброст, а сега обичен спасител, сака да изгради подобар живот за себе и за својот помал брат.
Со помош на својот најдобар пријател и колегите од работа, тој решава да изведе, на прв поглед, совршен грабеж на голема сума на пари. Но, како што обично изгледа, работите излегуваат од контрола и Тај сфаќа дека ја направил најголемата грешка во својот живот.
Мет Дилон, Жан Рено, Лоренс Фишберн во криминалистичката акција на Прва.
Среда (04.12.2019), 23:30 часот – “Swept away”
Кралицата на поп музиката, Мадона ја толкува улогата на Амбер, арогантна и разгалена Американка која не која не е ни малку одушевена од одлуката на својот богат сопруг Тони, во друштво на неколку пријатели, да тргнат на крстосување од Грција во Италија. Романтичната авантура започнува кога таа и еден сиромашен италијански рибар ќе се најдат на пуст остров, каде парите и класната припадност се потполно неважни.
Четврток (05.12.2019), 23:30 часот – “Gothika”
По “Breaking bad”, овoj четврток ќе ја гледаме Хали Бери во познатиот хорор “Готика”.
По една сообраќајна незгода, психијатарот по криминалистика Миранда Греј, се буди како пациент во установата каде што работела. Таа има амнезија и наскоро дознава дека е обвинета за убиство на својот сопруг. Во меѓувреме, започнува да ја прогонува духот на девојчето Рејчел, која сака да ѝ пренесе порака дека не е сама. Миранда дознава многу нови работи за нејзиниот сопруг со помош на Рејчел, и ја открива вистинската слика за Даг.
Петок (06.12.2019), 00:00 часот – “The Boondock Saints II: All Saints Day”
По осум години смирен и повлечен живот во Ирска, браќата МекМанус се враќаат во Бостон за да ги израмнат сметките со шефот на подземјето.
Криминалецот Концезио Јакавета нарачува убиство на еден омилен свештеник, со што го навлекува гневот на браќата. Во нивниот крвав поход им се придружува и темпераментниот Мексиканец Ромео, додека зад грб им е генијалната специјална агентка, Јунис Блом.
Шон Патрик Фланери, Норман Ридес, Џуд Нелсон, Џули Бенц во полноќната акција “Бостонските светци” на Трој Дафи.
Сабота (07.12.2019), 20:15 часот – “Stomp the yard”
Кога едно проблематично момче од Лос Анџелес се запишува на факултет во Атланта, таму го открива „ степувањето“, постар начин на танцување кој традиционално го изведуваат членовите на афроамериканските братства. Ди Џеј има голем талент и движења инспирирани од хип- хоп музиката и набрзо станува предмет на ривалство помеѓу две братства. Возбудата се зголемува кога за победникот ќе се решава на годишниот натпревар во степување, за кој билетите се веќе распродадени. Уживајте саботно во музичката драма на Прва.
Недела (08.12.2019), 00:00 часот – “Freedomland”
Семјуел Џексон, Џулијан Мур и Еди Фалко во премиерниот трилер “Бојата на криминалот” од 2006та година.
Потрагата по едно дете, кое под неразјаснети околности исчезнува во Њу Џерси, ја зголемува напнатоста, по расна основа, помеѓу жителите на две соседни населби. Борбата за пронаоѓање на детето прераснува во застрашувачка ноќна мора од сомнежи и обвинувања, а потрагата по вистината води кон вознемирувачки откритија.
Дани | ТВ Пакет