Младата битолчанка Ангелина Стојаноска ја оствари првата соработка со познатиот композитор и продуцент Јован Јованов. Синглот насловен како „Се ти е дозволено“ со динамичен и брз ритам, деновиве е објавен во етерот. За истиот веќе е изработен видео спот од страна на режисерот Огнен Шапковски и веќе официјално е претставен на јавноста.
Ангелина досега има настапувано како дебинтант на Макфест, Охрид фест и на изборот за песна на Евровизија. Од авторите има соработувано со Роберт Билбилов и Лазар Цветковски.
Ова и е прва соработка со Јованов и неговитот тим. Погледнете го видеото во продолжение.
Martin M. | ТВ Пакет