Британскиот јавен сервис BBC наводно ја прифатил понудата на компанијата Stanhope за продажба на Television Centre, објкетот кадешто се сместени легендарните продукциски студија. Според порталот TeVe, телевизискиот центар е продаден за 200 милиони фунти.
BBC Television Centre официјално е отворен на 29. јуни, 1960. година во западниот дел на Лондон. Центарот е еден од најпрепознатливите објекти од овој тип, а воедно и еден од најголемите на светот. Компанијата Stanhope има намера од овој центар да направи деловен и малопродажен објект, и забавен центар.
BBC Television Centre е речиси празен, а целосно ќе биде испразнет до крајот на следната година. Вработените во продукцијата ќе се преселат во новите објекти во Салфорд во близина на Манчестер, во Велс, и во централниот комплекст на BBC во Лондон – New Broadcasting House.
BBC ја најави продажбата на овој објект уште во јуни минатата година поради намалениот буџет и трошоците од работата. Од телевизијата тогаш најавија дека главна цел им е зголемувањето на вредноста на објектот, но и на самиот сервис. Побарувачката на вакви објекти во Лондон е голема поради недостатокот на атрактивни места како што е самиот BBC Television Centre.
Chris | ТВ Пакет