Почетна / Серии / Празнична серија на Алфа – „Кум“ со македонските актерски ѕвезди

Празнична серија на Алфа – „Кум“ со македонските актерски ѕвезди

Од 1 до 8 јануари на Алфа ќе се емитува руската телевизиска серија од осум епизоди „Кум“ во продукција на Амадеус ЛЛЦ и Марс Медија од Москва, на режисерот Тимур Алпатов.

Ова е прва македонско-руска филмска соработка од 2014-та година. Руската филмска екипа беше одушевена од прекрасните локации во Битола, Демир Хисар, Прилеп, Отешево, како и веќе докажаните убавини на филмското Мариово.

Проектот беше целосно финансиран од руските продуценти, но реализацијата во Македонија ќе беше невозможна без поддршката од македонските министерства за култура, за одбрана и за внатрешни работи и од градоначалниците на општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен и Новаци.

Серијата се снимаше пет недели со руско-македонска екипа и се емитуваше на првиот канал на националната телевизија во Руската Федерација. Базирана е на вистинска животна приказна на еден руски доктор и неговата хумана мисија во Косово за време на конфликтот.

Главната улога ја толкува рускиот актер и режисер Сергеј Пускепалис, а се појавуваат и други познати актери, како Андреј Смољаков (актуелен по светскиот хит „Падот на Сталинград“), литванската актерка Северија Јанаушаускаите, Андрис Пауљевичус, канадскиот актер Тимоти Сел…

Во македонската актерска екипа се Ирена Ристиќ, Звездана Ангеловска, Мето Јовановски, Дејан Лилиќ, Џевдет Јашари, Тони Михајловски, Сашко Коцев, Висар Вишка, како и младите Наталија Теодосиева, Влатко Илиевски, Мартина Тапарчевска, Стефан Вујисиќ, Емра Куртишова. Во многубројните масовни сцени учествуваа и граѓани на Битола.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!