Како што велат од Expressen, наредното издание на Евровизија ќе чини 12 милиони евра. Да се потсетиме дека идната Евровизија ќе биде одржана во Малме, град на југот од Шведска, а Малме Арената ќе ја нагости публиката од цела Европа низ двете полуфинални вечери на 14. и 16., и финалето на 18 мај.
Минатогодишната Евровизија во Баку чинеше речиси 50 милиони евра (без цената за изградбата на Кристалната сала), а 58. Евровизија во Шведска ќе биде четири пат „поевтина“. Но, како што вели шефот на шведската Евросонг делегација, Кристер Бјоркман, Евросонгот во минатите години бил преголем во сите можни аспекти – преголемата арена и сцена направиле ситуација да главните ѕвезди на вечерта, пејачите бидат прикажани како мали на екраните. Тие сакаат да ја вратат Евровизија онаква каква што беше до минатите четири-пет години. Според тоа може да очекуваме дека Евровизија 2013 ќе биде најслична на онаа во Хелсинки 2007 (сличен буџет, речиси еднаква сала). „Малме и покрај малиот буџет ќе организира сјајно натпреварување во мај 2013.“ – додаде Бјоркман.
DarkShadow | ТВ Пакет