Од четврток (2 јануари 2020), на телевизија 24 продолжува со емитување руската комична серија за хотелот “Гранд”.
Во втората сезона, во хотелот се појавува еден млад перспективен менаџер – Станислав Владимирович Сирски. Тој се обидува да го врати редот во хотелот во согласност со неговите теоретски знаења, но во пракса, од првиот ден наидува на потешкотии и отфрлање на неговите правила од страна на персоналот.
Интересни, непредвидливи и хаотични драматични ситуации ве очекуваат и во новите продолженија на “Гранд”, од понеделник до петок во 18.30 часот.
Дани | ТВ Пакет