Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Уживајте во распустот со репризните изданија на „Дајте музика“

Уживајте во распустот со репризните изданија на „Дајте музика“

По завршување на новата сезона од играно документарниот детски серијал “Дајте музика”, Македонската телевизија за своите најмали гледачи одлучи за време на распустот да ги репризира емитуваните изданија, и тоа од понеделник до петок во 16 часот.

Па така, додека се релаксирате и читате книги, забавувајте се и едуцирајте се со популарното детско шоу “Дајте музика”, кое стекна голема фан база меѓу најмладите гледачи. Голем број на македонски музички имиња земаа учество во емисиите како што се Каролина Гочева, Некст Тајм, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Тони Зен, Слаткар итн.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Код“ на Снежана Лупевска направи реконструкција на трагедијата

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани починаа 59 лица, а над 155 беа повредени. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!