Почетна / МК Сцена / Нов музички проект на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Нов музички проект на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Најпознатиот македонски зурлаџија Џељо Дестановски сними музичко шоу со познати музичари и пејачи, проект во знак на благодарност кон публиката од која ја добива целата поддршка и инспирација изминативе години.

Музичката екипа составена од Влатко Миладиновски, Мите Стоилков, Ферус и Ферчо Мустафови, Џемал Дестановски, Кристијан Тасевски, Орде Неделковски, Ѓоре Најдовски, Никола Станишиќ, Бурхан Јашари, придружувани со оркестар составен од најдобрите македонски музичари и Џељо Дестановски создадоа проект во кој може да уживаат сите генерации и почитувачи на македонскиот народен мелос.

  • Целта со овој музички проект ми беше на нашата публика и на сите кои уживаат со звуците на зурлата им подарам нешто убаво за почетокот на новата година, односно проект со многу песни и ора во кој учествуваат мои пријатели и соработници. Благодарам до „Балкан Мјузик Тв“ каде го снимавме проектот и до „The Studio“ и Горан Мирковски кои придонесоа за квалитетен звук, вели Дестановски .

Минатата 2019 година за Дестановски беше исполнета со многу проекти и новитети за кои вели дека продолжуваат и во новата 2020, како самостојни, така и соработки со многу познати пејачи и музичари.

Во продолжение еве само мал дел од снимениот материјал:

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!