Почетна / Сапуници / Запознајте го дон Крисанто од понеделник во „Дива земја“ на Сител
Приказна за една дива земја, на која љубовта и омразата ќе се вкрстат во судбините на две фамилии - Кастањеда и Монтиел

Запознајте го дон Крисанто од понеделник во „Дива земја“ на Сител

Млад, неискусен и без пари. Но, со голема љубов кон одгледувањето на грозје и винскиот бизнис. Тоа бил Крисанто, кога години оддамна дошол на тоа парче дива земја. Семејството Монтиел му помогнало на Крисанто да создаде вистински бренд и успешен бизнис од гроздовите полиња, така што му дале парче земја. Од напорна работа достигнал до вистински моќник, вљубеник во мирисот на виното и страста кон грозјето.

Затоа денес, дон Крисанто е богат и почитуван винар, оженет со Мерцедес и татко на четири деца : Аурора, Палома, Емилио и Леонардо. Неговиот, но и животот на неговата фамилија се менува оној момент кога умира едно од неговите чеда. Неговиот син.

Потресен од болка и желба за одмазда, дон Крисанто го обвинува Хуанхо Монтиел за несреќата во која животот го загуби син му. Дон Крисанто ја заборава помошта која некогаш ја добил од фамилијата Монтиел во име на правдата и честа за загубеното. Неговото дете.

Сега… неговиот живот остануваат неговите други три деца. Сакајќи да ги одведе на прав пат, тој некогаш ќе биде и суров и бескруполозен. Не може да го прифати чудното момче на неговата ќерка Палома, а уште помалку ќе може да поверува дека неговата друга ќерка Аурора е вљубена во Хуанхо, обвинетиот за смртта на неговиот син.

Од понеделник до петок на Сител, не пропуштајте ја новата утринска новела “Дива Земја”. Точно во 10 часот наутро.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!