По успешно испорачаната услуга, преносот од Европското првенство во фудбал од Украина и Полска, UEFA и Europian Broadcasting Union – EBU изјавија дека ќе продолжат со долгогодишното партнерство. Имено, EBU и UEFA потпишаа нов договор за дистрибуција на програмата на Eurovision мрежата, пренесува порталот TeVe.
Според овој договор, сите аудиовизуелни програми на UEFA ќе се дистрибуираат шитум светот исклучиво на сателитите и оптичката мрежа Eurovision. Во договорот е вклучена дистрибуцијата на сигналот од натпреварите на Лигата на шампионите и Лига Европа во периодот од 2012. до 2015. година, како и квалификациските натпревари од EURO 2016. и FIFA World Cup 2018. година.
EBU и UEFA се партнери во последните 20 години, а новиот договор е продолжение на успешната долгогодишна соработка која ги задоволи двете страни.
Chris | ТВ Пакет